Алушовски пред заминувањето за Барселона: „Ако ни се укаже шанса, да го изненадиме гигантот“

Македонскиот шампион Пелистер во среда од 20.45 часот го очекува гостувањето против Барселона за крај на настапите во Лигата на шампионите.

Тренерот на битолчани, Стевче Алушовски, пред заминувањето за Барселона нагласи дека натпреварот е секако голем предизвик за секој член на тимот, во обид токму против европскиот гигант да се остави позитивен впечаток за крај на ЛШ.

„Барселона е лидер во нашата група и екипа која во моментов го игра најдобриот ракомет во Европа. Факт е дека нема што да загубиме на ова гостување, а може само да добиеме. Подготовките течеа како и секој друг претходен натпревар, со анализа и на тоа кои се слабите страни на противникот, како во одбрана така и во напад. И ние се соочува со проблеми со повредите, Филип Кузмановски уште не е во тренажен процес, но секој поединец сигурно ќе го даде максимумот. Верувам дека ќе биде натпревар за уживање, и секако ако ни се укаже шанса ќе се обидеме и да ја изненадиме Барселона“ – вели Алушовски.

Се вчитува...