На натпреварот Силекс – Вардар вчера, кој заврши во корист на гостите со 0-1, победа со која ја продолжија трката за шампионската титула, фудбалерот на Силекс, Дарко Додев доби црвен картон.
Во 26. минута додека имаше еден жолт картон, судијата Стојчевски му покажа и втор жолт картон и го испрати во соблекувалната. Додев многу емотивно го прифати сето тоа, па со солзи во очите го напушташе теренот во Кратово.
„Навистина не знам зошто добив црвен картон. Затоа ми падна многу криво и затоа таа моја реакција. Судијата досуди нешто, јас мислев дека е офсајд, и се враќав назад со главата во земја. Не прозборев ништо, не му кажав ниту збор на судијата, а потоа дојде и ми даде втор жолт картон. Навистина не ми е јасно, и не ми се веруваше и јас и моите соиграчи бевме во шок“, коментира Додев за ЕКИПА.
И самиот тој не можел да се помири со одлуката, и затоа со солзи го напушти теренот.
„Да направев нешто, и да заслужев картон, ќе признаев, и немаше да ми биде криво. Уште не ми е јасно зошто добив исклучување. Не можев да ги сокријам емоциите после ова.“, рече Додев.
ВИДЕО: Фудбалер на Силекс во солзи го напушти теренот по добиен црвен картон против Вардар
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

