Турски Самсунспор, кој ја елиинираше Шкендија од Лигата на Европа, е на добар пат да го заврши ова натпреварување во 1/8 финалето откако загуби на домашен терен од Рајо Ваљекано со 1-3.
Алемао во 15-тата, Гарсија во 40-тата и Алемао во 78-та минута ги постигнаа головите за гостите. Мариус само израмни во 21. минута, но турскиот тим има лош резултат пред реваншот во Шпанија.
Аз Алкмар на домашен терен ја совлада Спарта Прага со 2-1, додека Ријека пред своја публика загуби од Стразбур со 1-2.
Пред пласман во следната рунда е и тимот на Шахтјор Доњецк, кој славеше на гостувањето во Познањ кај Лех со 1-3. Марлин и Њуертон донесоа предност за Украинците од 0-2, потоа Ишак намали на 1-2, а конечните 1-3 ги постави Исак Силва.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

