Човеков не е од оваа планета: Нов светски рекорд на Мондо Дуплантис, прескокна 6,31 метри

Шведскиот атлетичар Арманд Дуплантис, постави нов светски рекорд во скок со стап, откако победи на митингот Мондо Класик во Упсала, Шведска.

Тој скокна со резултат од 6,31 метри, надминувајќи го за 1 сантиметар сопствениот рекорд од минатиот септември во Токио.

Дуплантис е актуелен олимписки, европски и светски шампион во скок со стап. Ова за него беше рекорд број 15 во кариерата, и тешко дека некој ќе го надмине во блиска иднина.

Се вчитува...