Се подготвува смена во Панатинаикос: Атаман заминува, позната неговата замена

Иако сезоната во Евролигата и натаму е во тек, сепак, истата е разочарувачка за тимот на Панатиниакос. Шампионот од 2024 година сезонава игра под очекувањата, се наоѓа на 10. место, и натаму виси пласманот во следната фаза, па од тука сопственикот Димитрис Јанакопулос се чини има подготвено замена за Ергин Атаман кој најверојатно ќе си замине од кормилото.

Како што пренесуваат грчките медиуми, потпирајќи се на поранешниот играч на Олимпијакос, Вангелис Мацарис, најверојатно кормилото ќе му припадне на сегашниот тренер на Хапоел Тел Авив, Димитрис Итудис.

„Итудис следната сезона ќе го тренира Панатинаикос, и ова е мое мислење“, рече тој.

Атаман има договор до 2027 година, но во случај на резултатски крах и на домашната сцена, се чини дека ќе може и порано да го напушти клубот.

Се вчитува...