Фурние доби казна поради циркузот што го направи со навивачот на Паниониос

Кошаркарот на Олимпијакос, Еван Фурние, се судри со навивач на Паниониос за време на натпревар од грчкото првенство.

Поради несоодветно однесување на гостински терен против градскиот ривал Паниониос, ѕвездата на Олимпијакос ќе пропушти еден натпревар. За жал за него и за клубот, тој еден натпревар ќе биде еден од најважните. На 30 март, Олимпијакос ќе гостува кај Панатинаикос во грчкото првенство, а таму Пирејците ќе бидат без помошта на Французинот.

Патем, ова не беше единствениот инцидент на натпреварот Паниониос – Олимпијакос. Освен Фурние, и Јоргос Барцокас се судри со луѓе што седеа близу до паркетот. Поради ова, тренерот на Олимпијакос ќе мора да плати казна од 5.000 евра.

Барцокас беше тренер на Паниониос, а по натпреварот рече дека ги простил долговите на клубот и дека не заслужува навивачите на овој клуб да се однесуваат така со него. Јоргос често влегува во конфликти со луѓе што седат во непосредна близина на паркетот, а ова му се случува се почесто.

Се вчитува...