Еден од последните натпревари од 32. коло на Евролигата им донесе на гостите во салата во Каунас драма, пресврт и триумф на Жалгирис против Реал Мадрид од 87:85.
Мечот беше решен во последниот напад кога беа досудни слободни фрлања, а Силван Франциско ги реализираше и двете, со што домашниот тим го реши во своја корист.
За време на мечот, имаше дури 15 промени во водството, но на крајот Жалгирис успеа да слави. Франциско успеа да постигне 20 поени, и да го помине Марио Хезоња кој го заврши мечот со 18 поени.
Кошаркарите на Фенербахче го победија Милан со 79:75 во Истанбул. Актуелниот лидер на табелата ја прекина мини серијата од два порази, а со големи тешкотии избегна и трет.
Гостите одиграа феноменално прво полувреме, а подеднакво добро и во поголемиот дел од второто полувреме, кога имаа максимални 15 поени предност. Турската екипа успеаја да ја намалат разликата, а потоа направија и целосен пресврт. Гостите излегоа од контрола во првите неколку минути од третиот период, а токму тогаш домашните поведоа, и не го испуштија тоа водство.
Хортон-Такер играше добро во второто полувреме, завршувајќи го натпреварот со 23 поени. Кај поразениот тим Брукс беше лидер со 22 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

