Сантош повторно ги разочара своите навивачи со поразот од Флуминенсе (2-3) во натпреварот од 12. коло на бразилската Серија А, а Нејмар повторно беше мета на критики. Но, не е ни чудо што навивачите го исвиркуваа бидејќи во 93. минута Нејмар направи непростлив потег.
Гостите победија во 86. минута, а херој беше Џон Кенеди, кој постигна гол за 2-3 откако Гуга го изведе добро.
Откако судијата означи крај на натпреварот Нејмар беше жестоко исвиркуван додека го напушташе теренот.
Нејмар ги покри ушите додека влегуваше во тунелот, што предизвика уште поголемо незадоволство кај навивачите. Но, не е ни чудо што го исвиркуваа бидејќи направи непростлив потег во 93. минута додека неговиот тим губеше.
Имено, Нејмар си играше на средина од теренот и реши да лобува еден од играчите на гостите во ситуација кога се бркаше израмнување. Таквата ноншалантност предизвика бес кај навивачите кои не можеа да поверуваат што прави Нејмар.
Исто така, при резултат 2-2, Нејмар имаше одлична шанса да постигне гол за ново водство на Сантош, но не успеа во тоа.
Јасно е дека се труди најдобро што може да му се наметне на Карло Анчелоти за повик во репрезентацијата на Бразил за Светското првенство, но се чини дека не оди се според планот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
