Роналдо не може да им премолчи на навивачите кога го скандираат името на Меси (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо вчера повторно беше во центарот на вниманието. Неговиот Ал Наср убедливо го победи Ал Васл со 4-0 во четвртфиналето од Азиската Лига на шампиони, а португалскиот капитен го постигна водечкиот гол и со тоа се приближи до бројката од 1000 голови во својата кариера.

Освен голот, натпреварот беше обележан и со неговата реакција на провокациите од трибините.

41-годишниот Португалец стрелаше во 11. минута по прецизен центаршут од Бушал, постигнувајќи го својот 970-ти гол во кариерата. До крајот на натпреварот, победата на Ал Наср ја потврдија Ињиго Мартинез во 24. минута, Абдулелах Ал-Амри во 26. минута и Садио Мане во 80. минута.

Сепак, натпреварот беше обележан и со инцидент кој брзо се прошири на социјалните мрежи.

Во обид да го испровоцираат, навивачите почнаа да го скандираат името на неговиот долгогодишен ривал Лионел Меси. Роналдо не ги игнорираше, туку им одговори пркосно. Прво го стави прстот на усните барајќи тишина, а потоа со гест на раката им рече да се смират.

Се вчитува...