Смилковски: Многу сум горд, Скопје и Македонија победија кошаркарски…

ТФТ не успеа да стигне до титулата во АБА2 лигата откако во синоќешниот супердраматичен натпревар македонскиот вицепрвак загуби на домашен терен со еден поен разлика, по што Широки Бријег се закити со титулата што значи и промоција во АБА1.

Тренерот Боро Смилковски беше разочаран од исходот, но истовремено и исклучително горд на сето она што неговиот тим го стори во изминатиот период, воедно потсетувајќи дека шансата наречена АБА1 не е загубена, бидејќи ќе претстои баражот со Борац Чачак.

„Кошарката е според во кој некој треба да победи, а некој да загуби. За жал, ние сме тие што денеска загубивме, во еден навистина одличен меч, фантастично финале… Веднаш сакам да ставам до знаење – многу сум горд на нашите момци, тагуваме за поразот, но немаме за што да жалиме бидејќи дадовме апсолутно се, ја оставивме секоја можна емоција на теренот. Честитки до тимот на Широки за победата и пласманот во АБА1 лигата. Околу самиот меч, видовте што се случуваше, решаваше еден шут, еден скок, една добра одбрана… Она што би сакал да го потенцираме е мислам дека Скопје и Македонија кошаркарски победија вечерва, бидјќи бевме сведоци на едн одлична атмосфера, на публика, на многу луѓе кои препознаа потреба да дојдат и да ни дадат поддршка во ова финале. За нас ова не значи крај, бидејќи веќе следната среди ни следи разигрувањето во баражот против екипата на Борац. Тоа ни е втора шанса за да ја оствариме големата желба – да се пласираме во АБА1 натпреварувањето“, истакна Смилковски.

Се вчитува...