ФОТО: Промовиран новиот дрес на Македонија

Фудбалската федерација на Македонија го промовираше новиот дрес на македонската репрезентација. Црвениот дрес е со жолти линии, додека белата боја доминира кај резервниот дрес.

Како што е познато, „Адидас“ стана спонзор на Македонија од неодамна, заменувајќи го „Јако“, кој до неодамна ги „облекуваше“ сите селекции на нашата земја.

„Со гордост го претставуваме новиот дрес на македонската репрезентација.

Симболика што ја претставува гордоста и единството на нашата земја, каде што секој бод носи спомен, а секоја линија, надеж.
ФФМ и Adidas, едноставно, но кажува доволно.

Стил, став и јасна порака кој си и што претставуваш кога ќе излезеш на терен.

ФФМ е дел од програмата во рамки на UEFA Kit Assistance Scheme. Националните асоцијации користат ексклузивната ADIDAS „Locker Room“ услуга за дизајн, која нуди широк спектар решенија за креирање на тимска опрема“, стои во објавата на „Фејсбук“.

Се вчитува...