Митровски повторно стрелаше за Олимпија Љубљана

Македонскиот фудбалски интернационалец Димитар Митровски продолжува со одличните партии за неговата Олимпија Љубљана во Словенечкото национално првенство.

Олимпија денеска стигна до сигурна победа на домашен терен против Приморје од убедливи 3-0 во натпревар од 33. коло од сезоната во Словенечкиот фудбалски шампионат.

Нашиот фудбалер повторно беше еден од најдобрите во победничкиот табор, а се запиша и во листата на стрелци откако го постигна погодокот за 2-0 во 63. минута.

Standings provided by Sofascore

 

Се вчитува...