Компани: Изјавата на Артета за нашата лига? Не мислеше ништо лошо…

Тренерот на Баерн, Винсент Компани, ја коментираше изјавата на неговиот колега од Арсенал, Микел Артета, дека играчите од Бундеслигата и Лига 1 се посвежи од оние во Премиерлигата.

Баерн и ПСЖ го играат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите, a Koмпани настојува фокусот да биде на теренот, а не на изјавите од околината.

„Не сакам премногу да се задржувам на таа изјава. Играв многу години во Премиерлигата. Не верувам дека Артета сакаше да ги критикува ПСЖ или Баерн, туку само да започне дискусија. Во Англија имате 38 лигашки натпревари, Лига куп, ФА куп, немате зимска пауза. Не е мое да коментирам за тоа, но е легитимно. Јирген Клоп зборуваше за тоа многу пати“, рече Компани.

Се вчитува...