Нов скандал во Реал: Рудигер се степал со соиграч!?

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Антонио Рудигер, бил вмешан во тепачка со соиграч, објави „Атлетик“. Инцидентот се случил во април, кога Германецот се тепал со друг играч од првиот тим во соблекувалната на тренинг-центарот на 15-кратниот европски шампион . Самиот Рудигер ја иницирал тепачката, објасни „Атлетик“.

Германецот се извинил за своето однесување, а минатиот петок тој ги поканил сите соиграчи и нивните семејства на вечера.

Ова е нов удар за Реал пред пресметката со барселона. Тимот е 11 бодови зад Барселона, и веројатно ќе останат без трофејот во Ла Лига. Ако Каталонците победат или останат непоразени, тогаш ќе ја освојат титулата.

Се вчитува...