Женскиот кошаркарски клуб „МВП Скопје“ ќе биде организатор на завршниот турнир во М14 лигата. откако се пријави и се стекна со правoтo да биде домаќин на финалниот дел од ова натпреварување.
Во исто време, утврден е и распоредот на натпреварите кои ќе бидат реализирани во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје.
Полуфиналните натпревари на кои ќе се сретнат: МВП Скопје и Струга 2009, односно Петровски и Бадел 1862, ќе се играат на 9. мај (сабота).
Наредниот ден, 10. мај (недела), на распоред се натпреварите за третото место, односно големото финале по кое ќе биде познат шампионот во оваа категорија од „Адастра“ младинските лиги.
ФИНАЛЕН ТУРНИР М14 ЛИГА-ЖЕНИ
ПОЛУФИНАЛЕ – ДВОЈКИ
9.МАЈ (САБОТА)
17.00: МВП Скопје – Струга 2009
19.30: Петровски – Бадел 1862
10.МАЈ (НЕДЕЛА)
НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО
12.00: Поразен 1 – Поразен 2
ФИНАЛЕ
14.30: Победник 1 – Победник 2
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
