На официјална прес конференција што се одржа денеска во хотелот Холидеј Ин во Скопје беше најавен почетокот и свеченото отворање на Плазма Спортските игри за млади во Македонија, кое ќе се одржи утре, 08 мај, на Плоштад Македонија во 12 часот.
На прес конференцијата присуствуваа министерот за спорт Борко Ристовски, претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, извршниот директор на Плазма Спортските игри за млади Славен Мариќ, генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ, претседателот на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје, Санел Кустурица и извршниот директор на Шпаркасе Лизинг, Марјан Манчев.

Македонија годинава официјално се приклучи на платформата „Спортски игри за млади“ со што се отвора ново поглавје во развојот на младинскиот спорт. Оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа која веќе 30 години организира спортски натпревари за деца од 6 до 18 години во кои досега учествувале над 3.440.000 учесници. Во оваа најголема младинска спортска манифестација во Европа од Македонија годинава ќе бидат вклучени над 27.000 деца. Најдобрите поединци од регионалните натпревари ќе настапат на финалниот државен натпревар, а најуспешните потоа ќе ја претставуваат Македонија на Меѓународната завршница на Игрите во Сплит, каде што неколку дена ќе се дружат и ќе се натпреваруваат со врсниците од земјите што се вклучени во проектот.
Со пристапувањето кон оваа меѓународна платформа, Македонија им се приклучува на Хрватска, Словенија, Србија и Босна и Херцеговина, кои веќе ги имаат имплементирано Игрите. Истовремено, Македонија, креира и сопствена национална платформа со акцент на младите, како и засилување на соработката на училиштата, општините, националните спортски федерации и бизнис-заедницата како во домашни рамки, така и на регионалната спортска сцена.
Министерот за спорт, Борко Ристовски на денешната прес конфренција нагласи дека вложувањата во младите и во спортот се приоритет и во таа насока, во првата година од Плазма спортските игри во Македонија, Министертвото за спорт и Владата ќе го понесат најголемиот дел од финансискиот товар за успешно спроведување на оваа голема младинска манифестација, воедно упатувајќи и благодарност до спонзорите кои ги поддржуваат Игрите.

„Нашата цел е јасна – она што го почнавме пред година и половина во Сплит да го реализираме во конкретен производ што го имаме денеска. Нашата заложба Македонија да стане дел од Плазма спортските игри за млади успешно ја реализиравме и од утре старуваме со Игрите. Ние како домаќини сме подготвени. Кажав и пред Светското училишно првенство во ракомет, а ќе повторам и сега дека кога државата во соработка со Федерацијата за училишен спорт има коплетна конктрола над организацијата и манифестацијата, тогаш сите работите се одвиваат во најдобар ред, така ќе биде и во овој случај. Како држава и како Министерство за спорт во соработка со Федерацијата за училишен спорт сме подготвени да бидеме добри, одговорни домаќини и да го исполниме нашиот дел од обврските. Приоритет на Владата и на Министерството за спорт е да инвестираме во спортската инфраструктура, да инвестираме во младите, да инвестираме во врвниот спорт. Децата и младите мора да ги мотивираме што повеќе да се занимаваат со спорт или да излезат да бидат дел од Игрите како гледачи или волонтери. Плазма Спортските игри за млади е проект кој создава вредности, гради карактер и ги обединува младите и токму затоа среќни сме што Македонија е дел од оваа манифестација“, истакна Ристовски.
Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, посочи дека игрите претставуваат ново поглавје за училишниот спорт во државата.
„Оваа година очекуваме над 27.000 деца да бидат дел од Плазма Спортските игри за млади низ целата држава. Натпреварите ќе се одржуваат на месно, локално, регионално и државно ниво, во повеќе спортови, што значи дека создаваме систем кој ќе овозможи секое дете да добие можност за спорт и натпреварување. Најдобрите финалисти ќе бидат дел од големото меѓународно финале во Сплит, што е дополнителна мотивација за сите учесници. Утрешниот настан на Плоштад Македонија ќе биде вистински празник за младите“, изјави Мицковска.
Претставникот на Плазма Спортските игри за млади, Славен Мариќ, изрази задоволство што Македонија станува дел од големото регионално спортско семејство.
„Плазма Спортските игри за млади веќе три децении поврзуваат милиони деца низ регионот преку спорт, пријателство и фер-плеј. Среќни сме што Македонија се приклучува на оваа голема приказна. Веруваме дека Игрите ќе остават силен позитивен импакт кај младите и ќе создадат генерации кои ќе растат со вистински вредности“, изјави Мариќ.
Од Coca-Cola Македонија истакнаа дека Игрите претставуваат пример за успешна платформа која ги мотивира младите на активен и здрав живот.
„Спортот е универзален јазик кој ги поврзува младите, а Плазма Спортските игри за млади се одличен пример како преку спортот може да се создадат позитивни промени во општеството. Среќни сме што сме дел од оваа приказна“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Огњен Лазиќ.

Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг ја препознаа важноста и општествената вредност на Плазма Спортските игри за млади и со особено задоволство се приклучија како поддржувачи и спонзори на овој голем национален проект, кој има за цел да ги обедини младите преку спортот, фер-плејот и здравите животни навики.
Како компании кои континуирано вложуваат во младите, образованието и развојот на заедницата, Шпаркасе Банка и Шпаркасе Лизинг ја препознаваат оваа иницијатива како платформа која создава вистински вредности и позитивно влијае врз идните генерации.
„Особено ми е драго што „Спортските игри за млади“ конечно стануваат дел и од македонската спортска приказна. За нас како Шпаркасе Банка, поддршката на овој настан претставува природно продолжение на нашата стратешка определба за поддршка на младите, спортот и здравите животни вредности, кои ги развиваме преку платформата „Шпаркасе Лајф“. Особено сме горди што заедно со целата наша групација Steiermärkische Sparkasse сме дел од оваа позитивна регионална приказна која ги поврзува младите преку спортот, дружењето и фер играта“, изјави Санел Кустурица, претседател на Управниот одбор на Шпаркасе Банка АД Скопје.

„Во Шпаркасе Лизинг континуирано го поддржуваме спортот и спортските иницијативи, препознавајќи ја нивната важност за развојот на позитивни вредности кај младите. Поддршката на „Спортските игри за млади“ за нас има посебно значење, бидејќи не станува збор само за поддршка на спортот, туку и за поддршка на спортската иднина на земјата. Веруваме дека ваквите настани создаваат генерации кои растат со тимски дух, дисциплина, и самодоверба“, изјави Марјан Манчев, извршен директор на Шпаркасе Лизинг.
Свеченото отворање на Плазма Спортските игри за млади ќе се одржи утре, 08 мај, на Плоштад Македонија во Скопје, со богата музичко-забавна програма, спортски активности, присуство на познати спортски амбасадори.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА






