Поранешниот младински репрезентативец на Македонија, Сефер Емини е херојот во победата на Сондерјиске во 31. коло од плеј-офот во Суперлигата на Данска.
Емини беше стрелец на единствениот гол на мечот за победа од 0-1 на Сондерјиске на гостувањето против Виборг.
Македонскиот фудбалер стрелаше во 49.минута за големи три бода на неговиот тим. Ова беше негов втор гол за својот тим во шампионатот на Данска.
Емини беше стартер на мечот играјќи до 71. минута, а репрезентативецот, Лирим Ќамили влезе во игра во 71. минута кај гостите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
