НЕВЕРОЈАТНО: Веќе 60 милиони потписи за Мбапе да си оди од Реал Мадрид!

Неверојатна бројка од 60 милиони потписи на онлајн-петицијата за Килијан Мбапе да си оди од редовите на Реал Мадрид која ја покренаа навивачите на кралскиот клуб.

До вчера вечер имаше околу 50 милиони потписи, но веќе утрово бројката достигна нешто помалку од 60 милиони потписи на навивачи на Реал од целиот свет кои бараат Мбапе да го напушти клубот.

Сето тоа, само јасно потврдува, што мислат поддржувачите и фановите на Реал околу односот на ѕвездата кон кралскиот дрес, и неговиот однос на и надвор од теренот.

Деновиве Реал живее и во дополнителен хаос поради физичките пресметки меѓу Валверде и Чуамени, а на сето тоа се дополнува сега незадоволството кај навивачите и од односот на Мбапе кој и по две сезони нема трофеј со „кралевите“, ако не се брои Суперкупот на УЕФА од август 2024 кога дојде во Реал.

Се вчитува...