Реал Мадрид гостува на Барселона во големото шпанско дерби, но наместо најава за натпреварот тренерот Алваро Арблоа бше принуден да одговара на прашања што не се поврзани со случувањата на теренот.
Скандалозната тепачка меѓу Валверде и Чуамени беше само „шлаг на тортата“ во периодот на бројни инциденти во Реал Мадрид, се пишуваше многу и за немањето авторитет на Арбелоа врз играчите („Марка“ објави дека најмалку шест првотимци воопшто не комуницираат со тренерот“, но за шефот на стручниот штаб на Реал најголем грев е што – информациите од соблекувалната експресно стигнуваат до медиумите.
„Прво, сакам да нагласам дека сум исклучително горд на одличноста и на транспарентноста на клубот. Фудбалерите ја признаа својата грешка, се извинија и за мене тоа е доволно за да свртиме нов лист. Никогаш нема јавно да излезам и да критикувам, тие не го заслужиле тоа. Верувам дека многу добро разбраа што значи да се биде фудбалер на Реал Мадрид, ќе свртат нов лист…. Прочитва многу лаги изминатите денови, кои фудбалери не ми зборувале и зошто, слободно можам да кажам дека во тоа нема ниту ронка вистина… Она што ме разочара најмногу од се, тоа е начинот на кој она што се случуваше во соблекувалната веднаш стигнуваше до медиумите и до јавноста. Лично, тоа го сметам за предавство на Реал Мадрид, за предавство на целиот клуб, апсолутна нелојалност. Не работам во ЦИА и не сакам да обвинам никого директно, но во светот на фудбалот, многу е важно она што се случува во соблекувалната, да остане таму. Тоа за жал не е случај во Реал Мадрид во изминатиот период“, истакна Арбелоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
