Ливерпул продолжи со серијата просечни партии во Премиер-лигата откако „црвените“ попладнево одиграа само 1-1 на домашен терен против Челси.
Дуелите на овие тимови досега важеа за дерби, но сега тоа не беше случај, „сините“ имаа шест порази во низа во Премиер-лигата, црна серија што успеаја да ја прекинат токму на „Енфилд“. Откако пред еден месец Игор Тудор ја прекина својата серија катастрофални резултати со Тотенхем токму на овој култен стадион, сега истото го стори и Челси, кој со овој бод сепак останува предалеку од борбата за место во ЛШ.
Мечот почна одлично за Ливерпул, Гравенберх постигна прекрасен погодок од дваестина метри, но Челси успеа да израмни преку Енцо Фернандез, кој изведе скратен корнер, топката не закачи ниту еден од играчите во шеснаесетникот и го изненади Мамардашвили.
„Сините“ постигнаа и втор гол на стартот од второто полувреме што беше поништен поради офсајд на Палмер, Ливерпул исто така имаше свои шанси, но овој натпревар на крајот сепак заврши без победник, со конечните 1-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
