„Максимир“ гори: Торцида запали транспарент на трибината на БББ

Во Загреб се игра големото хрватско дерби меѓу Динамо и Хајдук, домашниот тим веќе ја осигура титулата, но сплитски навивачи дефинитивноо ја добија оваа пресметка – палејќи огромен транспарент на трибината на популарните Бед блу бојси.

Се играа десетина минути од дербито кога на трибината на домашните фанови се запали транспарент и во прв момент се чинеше како случајност, инцидент предизвикан од пиротехничките средства на БББ.

Дека тоа не е случај беше увидено само десетина минути подоцна, откако гостите од Сплит истакнаа транспарент на својата трибина…

„Додека вие палите крстови, ние го палиме Максимир“, порачаа од „Торцида“.

Се вчитува...