Лајпциг се враќа во ЛШ, потоп на Баер во Штутгарт

Лајпциг на едно коло до крајот успеа да го осигура третото место во Германија и учеството во Лигата на Шампионите следната сезона откако клубот на нашиот Елиф Елмас попладнево славеше над Сент Паули со 2-1. Шлагер го отвори резултатот пред самиот крај на првото полувреме, во вториот дел меѓу стрелците се запиша и капитенот Орбан, за „плус четири“ во однос на ривалите во трката за билет за елитното европско натпреварување.

Штутгарт и Хофенхајм се на делба на четвртото место кое исто така води во ЛШ, со тоа што „швабите“ се во подобра позиција поради подобрата гол-разлика во моментов. Штугарт денеска на домашен терен го совлада Баер Леверкузен 3-1, со што „фармацевтите“ остануваат само со теоретски шанси да влезат во Топ 4, ако се знае дека во последното коло ќе влезат со „минус три“ во однос на Штутгарт и на Хофенхајм.

Хофенхајм ја доби денешната пресметка со Вердер со 1-0, но овој тим ќе мора да освои повеќе бодови во однос на Штутгарт во последната рунда, во која Хофенхајм гостува во Менхенгладбах, а Штутгарт го очекува гостување во Франкфурт против Ајнтрахт.

Резултати Бундес-лига:

Хофенхајм – Вердер 1-0, Аугсбург – Борусија М. 3-1, Штутгарт – Баер Л. 2-1, Лајпциг – Сент Паули 2-1.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...