Вардар е чекор поблиску до враќање на тронот во ПМФЛ откако „црвено-црните“ славеа на домашен терен над Силекс со 2-1, останувајќи на „плус четири“ во однос на Шкендија на две кола до крајот. Сепак, најавената шампионска фешта на „вардарци“ ќе мора да почека уште една седмица, откако Шкендија славеше на својот денешен меч со Струга ТЛ и ги задржа математичките теоретски шанси за одбрана на трофејот.
„Вардарци“ одиграа импресивно на почетокот, поведувајќи со 2-0 за помалку од 20 минути игра, со головите на Цветковиќ и на Закариќ (од пенал). Гостите до крајот успеаја само да ублажат на 2-1 со погодокот што го постигна Бутуровиќ.
Шкендија ја доби со 3-1 пресметката со Струга ТЛ,, дуел на кој тетовци поведоа со 1-0 преку Красниќи, гостите израмнија со голот на Јевтовски, по што отпорот на стружани беше скршен со головите на Ислами и Мазари.
Пелистер ја оправда фаворитската улога против Шкупи, славејќи со преубедливи 7-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
