„Сопка“ за шампионскиот Вардар, Охрид на „кота 2“

Ракометарите на Охрид стигнаа доогромна победа во дуелот со шампионот Вардар, со резултат 26-24 со што охриѓани се зацврстија на второто место на табелата и се многу блиску до пласман кој им гарантира учество во ЕХФ Европската лига следната сезона. „Вардарци“ се уште „мамурни“ по шампионската прослава и големиот триумф над Пелистер, попладнево не беа на посакуваното ниво, по што вториот пораз сезонава на домашната сцена беше неизбежен.

Дуелот донесе огромна битка на теренот, слична на онаа во куп-финалето пред неколку седмици во Струмица, но за разлика од тој меч овојпат Охрид беше тимот што се радуваше на крајот. „Сино-белите“ беа подобар противник во голем дел од првото полувреме, водеа со 8-5 и со 9-7, но „вардарци“ со серија одлични реализации експресно го свртеа резултатот во своја полза, поведувајќи со 12-14.

„Црвено-црните“ добро го почнаа и вториот дел, поведоа со 12-16, но Охрид одговори со четири гола во низа и резултатски егал (16-16). Двата тима имаа свои шанси во завршницата, но Охрид подобро се снајде, го исконтролира минималното водство во завршницата и на крајот триумфираше со конечни 26-24.

Иванковиќ и Јасухира со по шест гола ги предводеа стрелците во победничкиот тим, додека Пилиповиќ имаше 11 успешни интервенции. На спротивната страна, најефикасни кај Вардар во овој пораз беа Да Силва со пет и Пинто со четири погодоци.

Се вчитува...