Манчестер Сити нема намера да се откаже од трката за шампионската титула, избраниците на Пеп Гвардиола го покажаа тоа и на денешниот дуел со триумфот над Брентфорд од 3-0, по кој сега заостануваат два бода зад Арсенал со по три натпревари о крајот за двата тима.
„Граѓаните“ тргнаа моќно од самиот почеток, креираа доста шанси, но во првото полувреме не успеаја да го совладаат одличниот Келехер.
Отпорот на гостинскиот тим беше скршен кога Доку постигна прекрасен гол, од петнаестина метри сместувајќи ја топката во горниот агол од голот на гостите.
Вториот гол беше дело на Халанд по една мешаница по асистенцијата на Семењо, а Келехер имаше две извонредни интервенции по ударите на Фоден, спречувајќи уште поубедлива победа на Сити на овој натпревар. Голманот на Брентфорд сепак беше немоќен во 92. минута, кога Мармуш ги постави конечните 3-0 на асистенција на Халанд.
Aрсeнал утре го игра својот меч од ова 36. коло, на гостувањето со Вест Хем, додека Сити в среда ќе го игра заостанатиот дуел на домашен терен со Кристал Палас.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
