Доминацијата на Галатасарај во турскиот шампионат продолжи со нова титула. четврта во низа за овој гигант кој на едно коло до крајот го осигура трофејот пред лутиот ривал Фенербахче.
Галата вечерва неочекувано се мачеше со Анталијаспор, два пати губеше со 0-1 и со 1-2, но „црвено-жолтите“ сепак најдоа начин да победат и да ја прослават победата пред своите верни навивачи.
Виктор Осимен беше херојот со гол за 3-2 во 88. минута, по што Галатасарај со голна Ајхан во судиското продолжение стави печат на победата и на титулата, вкупно 26. за најтрофејниот клуб во историјата на турскиот фудбал.
🚨 Victor Osimhen gives the championship at 88′
🇹🇷 Galatasaray 3-2 Antalyasporpic.twitter.com/LxHj8fGFzW
— Goals Xtra (@GoalsXtra) May 9, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
