Јувентус го слави Душан Влаховиќ

Јувентус стигна до значајна победа во трката за место во ЛШ откако вечерва славеше на гостувањето против Лече со 0-1, благодарение на Душан Влаховиќ и погодокот што српскиот голгетер го постигна уште во првата минута од мечот.

Резултатот беше отворен буквално во првата акција, откако Јуве тргна од центар, топката стигна до Влаховиќ, кој уште во 11. секунда донесе радост на „старата дама“.

Србинот имаше уште неколку шанси за втор гол што не ги искористи, но најважно за Јуве е што стигна до посакуваните три бода, од огромно значење за да се остане во Топ 4 и следната сезона да се биде дел од Лигата на Шампионите.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...