Ханси Флик во солзи: „Овој ден никогаш нема да го заборавам…“, Рафиња го тешеше, на рацете на играчите (ВИДЕО)

Барселона ја освои својата 29-та титула во Ла Лига по синоќешната победа над Реал Мадрид во „Ел Класико“, на денот кога тренерот на каталонскиот тим, Ханси Флик, го загуби својот татко.

Флик остана, сепак, во Барселона на одлучувачкиот натпревар за титулата, нагласувајќи низ солзи по мечот дека ова за него е специјален ден кој никогаш нема да го заборави.

„Под сите овие околности, ова секако е еден ден кој од различни аспекти ќе остане силно врежан во моето срце“ – рече Флик по мечот.

Флик, во еден момент, останувајќи сам на клупата на Барселона, по мечот доби утеха и од Рафиња, ни и од голем број фудбалери на тимот.

Предводникот на Барселона, се најде на рацете на своите фудбалери по освоената титула.

Се вчитува...