Селекторот на Словачка ги избра ракометарите за баражот со Македонија

Словачкиот селектор Фернандо Гурич го објави списокот со 20 повикани ракометари за претстојниот бараж-двомеч против Македонија, кој е последна пречка на патот кон Светското првенство. Очекувано, костурот на тимот е составен од играчи од домашниот шампион Татран Прешов.

Добра вест за словачката селекција е враќањето на Марко Јуркович, кој успешно се рехабилитираше по операцијата на ногата. Покрај него, Гурич реши повторно да им укаже доверба на Сергеј Петриченко и Давид Мишов, засилувајќи ја конкуренцијата за клучните пресметки.

Првиот натпревар ќе се одигра во Прешов, додека патникот на Мундијалот ќе се одлучува на реваншот во Скопје.

Голмани: Маријан Жернович, Михал Мартин Конечни, Матуш Митошинка
Кружни напаѓачи: Шимон Мачач, Сергеј Петриченко, Марек Палеш, Матуш Моравчик,
Бекови: Јакуб Прокоп, Марко Јуркович, Мартин Потиск, Томаш Сметанка, Марек Штефина, Јакуб Кравчак, Лукаш Урбан, Томаш Обулани
Крила: Ерик Фенар, Марко Антл, Јурај Бриатка, Давид Мишович

Се вчитува...