Алкалоид со максимална победа во 5. коло на Европскиот шаховски куп

Алкалоид со максимални 6-0 славеше против швајцарската екипа Цирих Шахгезелшафт во 5. коло на Европскиот клупски куп на шампионите во шах.

Ова е највисоката победа на „фармацевтите“ во досегашниот тек од натпреварите, победувајќи на сите шест поединечни табли.

Мамедјаров повторно демонстрираше висока класа и ја искористи малку пасивната игра на својот противник за да освои цел поен. Андреикин успеа да ја прекине серијата реми, овој пат не ја испушти остварената предност, а со тоа и цел поен. Најбрзите победи во мечот ги постигнаа Шанкланд и Криворучко. Ковалев ја оствари четвртата победа на турнирот, и на крајот Инаркиев го оформи конечниот резултат во мечот 6-0.

По петтото коло, во водство е екипата на Обиетиво од Падова, Италија со максимални 10 бодови од пет меча. Ја следат Медњи Всадник од Санкт Петербург, Русија и ШК Лиза и Лабем од Чешка со по еден бод помалку. Алкалоид моментално е на делба од 4. до 10. место со 8 бода.

Во шестото коло,  ШК Алкалоид ќе игра против чешкиот ШК Лиза и Лабем. Во дербито на колото италијанскиот Обиетиво ќе игра против Медњи Всадник.

Се вчитува...