Лионел Меси предизвика сериозно внимание со изјавите за корумпирани судии на Копа Америка поради што го очекува жестока казна. Меси и компанија беа гневни по поразот во полуфиналето од Бразил, потенцирајќи дека се било наместено Бразил да оди, по секоја цена, во финалето.
Ситуацијата дополнително кулминираше во мечот за трето место меѓу Аргентина и Чиле кога по само половина час игра Меси доби директен црвен картон, па фудбалерот на Барселона по мечот одби да го прими и бронзениот медал.
По сите тие реакција и прозивки, се огласи и Дани Алвеш кој е и тоа како добар пријател со Меси. Но, Алвеш овој пат не можеше очигледно да премолчи на сите тие коментари од Меси…
„Покажа непочитување со тврдењата дека трофејот е купен. Ние сме навистина многу добри пријатели, и сите тоа го знаат. Но, ако ми е пријател не значи и дека ја зборува вистината. Кажа многу лаги, обвинувања без основа, но очигледно сето тоа беше во афект“ – вели Алвеш.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА