Во рамките на проектот „Фудбал за пријателство“, кој се реализира под покровителство на компанијата „Гаспром“, младите амбасадори Стефан Талевски и Симона Костадинова, учесници во проектот од Македонија, присуствуваа на тренингот на ракометарите на РК Вардар.
Покрај дружбата со македонските шампиони Стефан и Симона ги информираа за проектот и неговата мисија.
Во рамките на овој проект, амбасадорот на овој проект Наташа Мешковска, пак, оствари средба со претседателот на МОК, Васил Тупурковски, и со спортскиот директор на МОК, Владимир Богоевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА