Кошаркарите на Далас Маверикс предводени од неверојатниот Словенец Лука Дончиќ ги започнаа подготовките за новата сезона во НБА лигата во која ќе мораат да го поправат впечатокот од сезоната 2022/23 во која не успеаја да влезат ниту во разигрувањето за титула.
По крајот на тренинг кампот беше одржана и пресконференција за медиуми на кои се најдоа двете најголеми ѕвезди на тимот Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг, а еден детал ја огрочи американската јавноста.
Еден од новинарите го праша Дончиќ дали му недостасувале новинарите, прашање на кое Словенецот одговори негативно па следеше дофрлање дека ни тој не им недостасувал на нив. И покрај тоа што Дончиќ се насмеа на репликата, ваквиот однос започна дискусија во тамошната јавност каде се критикува непрофесионализмот на новинарот.
This was a tacky thing to say as a reporter#MFFL pic.twitter.com/lrhanSYD7h
— MFFL (@Mavs_FFL) September 27, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА