ВИДЕО: Тотална лудост – Парагвајци палеа кукла од Мбапе

Францускиот напаѓач Килијан Мбапе е моментално најомразената личност во Парагвај.

Репрезентацијата на таа мала јужноамериканска земја беше елиминирана од Франција во осминафиналето на Светското првенство 2026. Единствениот гол на натпреварот го постигна Килијан Мбапе.

По тој дуел, бројни невкусни постапки на Парагвајците кон францускиот фудбалер.

Откако најпрво Мбапе беше расистички навредуван од парагвајски политичар, сега на фестивалот во Сан Хозе, Парагвајците направија кукла со натпис Мбапе. Ја закачија на дрво и ја запалија, а потоа еуфорично скандираа додека таа гореше…

Се вчитува...