Босанскиот кошаркар Емир Крајиниќ (24 години, 208 см) е првото странско засилување на МЗТ Скопје во летниот преоден рок, откако денеска официјално стави потпис на договорот со „металците“.
Станува збор за талентиран центар, кој одлично ги користи својата висина и подвижност и кој одлично се снаоѓа во рекетот, како во нападот, така и во одбраната.
Кошаркарската кариера ја почнал во Слобода Тузла, каде што настапуваше во периодот од 2018 до 2024 година. Потоа направи трансфер во Промо, каде што бележеше просек од 13 поени и 7,4 скока по натпревар. Минатата сезона ја мина во дресот на словенечкиот прволигаш Златорог Лашко, каде што повторно имаше одличен учинок со просек од 12,5 поени и 7,1 скок.
Емир е вториот кошаркар кој потпиша за МЗТ Скопје во пресрет на новата сезона, во која македонскиот шампион го очекуваат големи предизвици во ФИБА Еврокупот, АБА2 лигата и домашната Суперлига.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
