Мароканската фудбалска репрезентација претрпе голем удар пред вечерашниот четвртфинален натпревар на Светското првенство против Франција.
Најдобриот стрелец на тимот, Исмаел Саибари, не успеа да се опорави од повредата и нема да биде во конкуренција за натпреварот што се игра вечерва во 22 часот во Бостон.
Саибари постигна три гола на првенството досега и беше еден од најзаслужните за пласманот на Мароко меѓу осумте најдобри репрезентации во светот.
Одличните игри само му го олеснија трансферот во Баерн Минхен на средина од Светското првенство 2026.
Тој се повреди на осминафиналниот натпревар против Канада, а во мароканскиот табор се надеваа дека ќе биде подготвен за дуелот со Франција.
Сепак, селекторот Мохамед Оуаби потврди дека неговиот најдобар стрелец нема да може да им помогне на своите соиграчи.
„Саибари нема да игра денес. Се надевам дека ќе биде подготвен за следниот натпревар“, рече Оуаби.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
