Американците со убедлив триумф над Порторико ги стартуваа подготовките за Мундобаскетот

Американската кошаркарска репрезентација со убедлива победа над Порторико од 117-74 ги стартуваше подготовките за Мундобаскетот кој на крајот на месец август ќе стартува во Јапонија, Филипини и Индонезија.

Американците без големи проблеми стигнаа до првиот триумф во подготовките, а дури седум играчи во тимот на Стив Кер беа двоцифрени.

Највеќе се истакнаа Џејлен Брансон со 11 поени, 12 скока и три асистенции и Ентони Едвардс со 15 поени, 4 асистенции и 4 украдени топки.

Се вчитува...