Анчелоти седнува на клупата на Гвангжу Евергранде?

Италијанскиот стратег Карло Анчелоти ќе го преземе кормилото на азискиот гигант Гвангжу Евергранде, и ќе го наследи Луис Фелипе Сколари на клупата на овој тим. Оваа информација ја објави кинескиот весник „Нанфанг Дејли“, истакнувајќи дека соработката меѓу клубот и тренерот Анчелоти е веќе договорена, а набрзо треба и официјално да биде официјализирана.

По заминувањето од Баерн Минхен, името на Карло Анчелоти се поврзуваше со евентуално враќање во Милан, а има најави и за негово враќање во Премиер – лигата. Но, најверојатно вистинската информација ја имаше Марио Баслер, кој прв објави дека Анчелоти има богата понуда да се пресели во Кина.

Се вчитува...