Куртоа со шокантна изјава: Можев да бранам, селекторот одлучи да ме замени

Шпанија ја победи Белгија со 2-1 во четвртфиналето на Светското првенство. Клучниот момент на натпреварот се случи во 71-вата минута кога Тибо Куртоа мораше да го напушти натпреварот поради повреда.

Белгискиот голман седна на теренот неколку минути претходно и му беше укажана помош, но го продолжи натпреварот. Сепак, Куртоа беше изнесен од теренот, а Сене Ламенс го презеде голот .

Голманот на Манчестер Јунајтед реагираше катастрофално во 88-та минута. Кубарси шутираше од околу 20 метри, а Ламенс очајно ја блокираше топката пред него. Микел Мерино истрча на неа и ја смести во голот за водство на Шпанија.

Куртоа шокираше со своите изјави по натпреварот и откри што се случило поради кое морал да си замине.

„Чувствував болка во квадрицепсот, но немав проблеми да останам на голот. Ќе ми беше тешко само да исфрлам топка. Сепак, тренерот одлучи да ме замени, а интересите на тимот се на прво место за мене“, рече тој по натпреварот.

Се вчитува...