После вчерашната елиминација од Шпанија, голманот на белгискиот национален тим најави повлекување од репрезентацијата. Но, доколку се согласи белгиската федерација, тоа би било само на одредено време.
Куртоа вчера го напушти теренот поради повреда, а подоцна кажа дека можелк да остане на теренот, но селекторот Гарсија одлучил да го повлече. Сега најавува пауза.
„Би сакал да направам една година пауза од репрезентативни настапи. Потоа да се вратам за квалификациите за ЕП 2028, и да играм на Европското првенство. Не знам дали федерацијата ќе се согласи на вакво нешто“, изјави Куртоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
