Клинсман: Германија има потреба од целосно рестартирање

Поранешниот германски репрезентативец Јирген Клинсман призна дека Германија не е во добра форма и му треба нов почеток.  Некогашниот германски фудбалер и потоа селектор го пофали настапот на европските тимови на Светското првенство во 2026 година.

Германците беа елиминирани во 1/16 финалето од Парагвај по изведувањето на пенали, што доведе до смена на селекторот Јулијан Нагелсман, и назначување на Јирген Клоп.

„Секако бевме сведоци на многу изненадувања, што е поврзано со поголемиот број учесници. Овој формат им овозможи на тимови како Конго на пример, или Зеленортските Острови да излезат на сцената. Сепак, аплаузот е за европските тимови – имаме 6 во четвртфиналето. Ова го покажува нивото на фудбалот на Стариот континент. Секако видовме многу фантастични работи, но и многу дискутабилни, како што беше случајот со натпреварот помеѓу Аргентина и Египет , каде што главната тема беше судењето, но би рекол дека сме сведоци на фантастично Светско првенство. Стадионите се полни, луѓето го слават фудбалот и се забавуваат и ги запознаваат САД, Канада и Мексико. Сите со кои разговарав се на исто мислење. Секако, темата за цените на билетите е на дневен ред, но генерално мислам дека ова е одлично Светско првенство“, сподели Клинсман, кој потоа се осврна и на Германија.

„Сè тргна наопаку за Германија против Парагвај. Парагвај ја изненади Германија многу непријатно. Разочарувањето за нас е навистина огромно, судејќи според германските весници и од разговорите со пријателите. Ни треба целосно рестартирање. Исклучително е тажно за сите германски навивачи кои го преминаа океанот за да го поддржат тимот. Ова Светско првенство беше тажно за Германија “, додаде Клинсман.

Се вчитува...