Крилниот напаѓач на Челси, Алехандро Гарначо, би можел да ја продолжи кариерата во италијанската Рома.
Според последните информации, „Волчицата“ покажуваат сериозен интерес за 22-годишниот Аргентинец. Италијанскиот клуб се надева дека ќе го доведе играчот на позајмица со опција за откуп, што би можело да стане задолжително доколку се исполнат одредени услови.
Англискиот тим постави цена од 40 милиони евра за својот играч. Лондончани се подготвени да се разделат со крилниот напаѓач доколку добијат соодветна понуда.
Минатата сезона, Гарначо одигра 24 натпревари во Премиер лигата , постигна 1 гол и имаше 4 асистенции.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
