Фаворитите Германија и Англија забележаа нови победи во своите групи од квалификациите за СП 2018 во Русија. Германците немаа проблеми да ја оправдаат фаворитската улога на гостувањето против Азербејџан, славејќи против составот на Роберт Просинечки со 1-4. Шурле, кој не е стандарден во Борусија Дортмунд, доби шанса во стартниот тим и се запиша меѓу стрелците за водство на светскиот шампион од 0-1. Домаќините успеаја да израмнат, но Германија уште пред крајот на полувремето постигна два нови гола преку Милер и Гомез, осигурувајќи нови три бода на своето салдо. Конечните 1-4 ги постави Шурле со својот втор погодок на натпреварот, постигнат во 81. минута.
Azerbaijan VS Germany 1-4 – All Goals… by mohtv
Англија стигна до цел плен на „Вембли“ против Литванија, триумфирајќи со 2-0. „Гордиот албион“ не одигра на високо ниво, во голема мера се почувствува отсуството на неколку стандардни првотимци (Кејн, Руни, Кејхил, Смолинг, Роуз, Стариџ), но сепак стори доволно за да дојде до планираните бодови. Џермејн Дефо се врати во националниот тим по неколкугодишна пауза и веднаш се запиша меѓу стрелците за водство од 1-0, додека вториот гол беше дело на Варди (влезе во игра во второто полувреме) на асистенција на Адам Лалана.
All Goals & highlights HD – England 2-0… by euro2016videos
Ерменија со два гола во второто полувреме го скрши отпорот на Казахстан триумфирајќи со 2-0. Мхитаријан и Озбилиз беа головите за победничката селекција откако Казахстанците од 64. минута останаа без исклучениот Малиј.
Чешка очекувано лесно славеше против тоталниот аутсајдер Сан Марино, на гостински терен со 0-6. Барак и Дарида постигнаа по два гола, а по еднаш меѓу стрелците се запишаа Гебре Силасие и Крменчик.
San Marino vs Czech Republic 0-6 All Goals… by sports-live1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА