Легендата на францускиот фудбал, Тиери Анри, има само пофални зборови за најновиот суперталент од оваа земја, Килијан Мбапе. Јавноста го опишува Мбапе како „новиот Анри“, но екс-фудбалерот на Арсенал смета дека членот на Монако мора да гради сопствен имиџ од самиот старт на својата кариера.
„Пред се, никогаш не сум сакал споредби на играчи. Мбапе мора да остане Мбапе и да чекори напред во својата кариера, не треба да го споредуваат ниту со мене, ниту со било кој друг фудбалер“ – изјави Анри.
Екс-голгетерот има само еден совет за својот помлад сонародник, за да му помогне уште повеќе да напредува во кариерата.
„Имав можност да се сретнам со Мбапе и веднаш е очигледно дека станува збор за позитивно момче, кое многу размислува додека игра. Ме иритира како луѓето ги опишуваат играчите колку се брзи или силни, но никогаш не говориме за нивните умови. Кога го гледам Мбапе, гледам дека тоа е разликата меѓу него и поголемиот дел на играчите, што Килијан многу повеќе размислува – тоа е предзнак дека може да дотурка далеку во кариерата. За него имам само еден совет, поточно неколку тактички работи – да го развива мозокот и да стане „убиец“. Кога е во игра да не ја следи само топката, туку и се околу, да открие кој играч е најслаба точка и како треба да го нападнеш“ – истакна Тиери Анри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА