Пред осум години Русија ја доби организацијата на Светското фудбалско првенство што е закажано за идната година. Како домаќин, руската репрезентација автомаски доби право за учество на овој Мундијал, но светските Анти-допинг агенции бараат оваа земја да го загуби тоа право и да биде отстранета од Светското првенство воопшто.
Во текот на минатата година, огромен скандал во врска со системско користење на допинг од страна на спортистите во Русија ја чинеше земјата место на Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро, а поради сомневање, Светската Антидопинг агенција (ВАДА) ретроградно изврши тестирања на голем број на спортисти и поради користење на недозволени средства огромен број на спортисти останаа без своите одличја.
Поради овој скандал, кој сè уште ја ’тресе’ спортската јавност, 19 светски Анти-допинг агенции поднесоа барање до ФИФА за отстранување на Русија од мундијалот сè додека целосно не биде расчистена ситуацијата.
Од домаќинот на мундијалот, барем засега, нема одговор на ова барање.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА