Арнаутовиќ се сели во Шангај

Австрискиот фудбалер Марко Арнаутовиќ кариерата ќе ја продолжи во Шангај СИПГ, официјално потврдија од кинескиот клуб. Австриецот потпиша договор до 2022, за сума од 26 милиони евра.

Арнаутовиќ во кинескиот прволигаш годишно ќе заработува по 7 милиони евра. Шангај СИПГ во моментов е трети во Суперлигата со два бода помалку од водечкиот Пекинг Гуана. Покрај Арнаутовиќ во тимот уште се и Бразилците Хулк и Оскар.

 

Се вчитува...