Репрезентацијата на Белгија според играчкиот кадар е еден од претендентите за титула на престојното Европско првенство, но и оваа селекција се соочува со проблеми предизвикани од повреди.
Неизвесени за настапи се Аксел Витзел и Еден Азар, а и двајцата најверојатно ќе го попуштат првиот натпревар за својата репрезентација на кој во Санкат Петерсбург ќе се сретнат со Русија.
„На последниот пријателски натпревар пред Европското првенство против Хрватска можев да одиграм само десет минути. Тренирам недела дена, но ќе видам со лекарскиот тим дали мислат дека можам да го одиграм првиот натпревар. Доколку започнам тоа ќе биде одлука на селекторот, но не сум 100 отсто подготвен“, изјави играчот на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА