Германскиот првак Баерн Минхен ги смени приоритетите во пресрет на летниот преоден рок. Иако прва желба на баварскиот клуб беше Лирој Сане, германски репрезентативец и крилен играч на Манчестер Сити, сепак, раководството на клубот и тренерот Нико Ковач сега се насочуваат кон Осман Дембеле, крилниот напаѓач на Барселона.
Преговорите со Сане пропаднаа откако Манчестер Сити побара премногу голема отштета, а Карл – Хајнц Румениге е голем фан на Французинот Дембеле. Тој посакувал Дембеле да пристигне на „Алијанц арена“ уште пред неговиот трансфер во Барселона, а сега повторно притиска со сите сили да го доведе во Минхен. Баерн за него е подготвен да плати 80 милиони евра.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА