Барса бара купец за Кеси

Барселона се обидува што поскоро да се ослободи од богатиот договор што го има со Франк Кеси, откако тренерот Чави јасно стави до знаење дека нема сериозно да смета на поранешниот фудбалер на Милан во наредната сезона.

Барса веќе ги има Родри и Гави како „бисери“ на клубот, тука е и Френки де Јонг, а од Манчестер Сити беше ангажиран Гундоган. Јасно е дека Кеси не може ни да сонува за улогата на стандарден првотимеци, уште повеќе ако се знае дека Барселона до крајот на овој преоден рок ќе ангажира и последен играч за врска, кој ќе биде директен наследник на Серхио Бускетс (се шпекулира со Кимих од Баерн, но многу пореална опција е Зубаменди од Реал Сосиедад).

Сепак, за доаѓање на ново засилување неопходно е најпрвин да си замине Кеси, поради што Барса ги интензивираше активностите околу негова продажба. Откако Челси покажа интерес, но не испрати понудата, најсериозна опција е преселба на овој играч за врска во Саудиска Арабија. Ал Ахли е клубот што покажа најсериозен интерес да го доведе поранешниот фудбалер на Милан во своите редови. Веќе е пристигната и првата понуда, 20 милиони евра за Барселона и тригодишен договор за Кеси вреден десет милиони евра по сезона. Каталонците се подготвени да ја прифатат понудата, но на потег ќе биде самиот фудбалер, кој досега одби неколку понуди за заминување инсистирајќи дека неговата иднина е на „Камп Ноу“.

Се вчитува...