Барселона ги „кине“ ракометот и кошарката за да го спаси фудбалскиот клуб?

Пандемијата на коронавирусот жестоко удри по здравјето на граѓаните во светот, но се чини дека глобалната криза уште повеќе ќе удри по големите европски клубови. Очајниот приход во овој период на изолација и прекин на првенствата во сите спортови ќе придонесе да крахираат и најголемите. Таква е ситуацијата и во Барселона, еден од најголемите европски клубови, кој освен фудбалот, има и неколку други секции. Но, тие би можеле дури и да бидат укинати во одреден период, доколку Барселона не може да се извлече од тешката финансиска ситуација. Не е тешко да се претпостави дека останатите спортски секции во друштвото на каталонскиот клуб сепак се зависни од милионските приходи што ги носи фудбалот. Во една ваква ситуација, тие се сведени на минимум.

Раководството на Барселона им предложи на фудбалерите, но и на сите останати играчи од другите секции, линеарно намалување на платите за дури 70% во периодот додека трае борбата против коронавирусот и нема активно натпреварување. Кошаркарите веќе се бунтуваа, непознато е засега како реагирале ракометарите, а Лионел Меси и фудбалерите се сложиле на одредено намалување на платите.

Претседателот Хозе Мариа Бартомеу ќе одржи состаноци со сите секции во наредните неколку дена, а потоа и официјално ќе биде позната нивната судбина.

Се вчитува...